Зачинети кисели краставички
Состојки
- 1/2 паковка ловоров лист
- 2 моркови
- 2кг краставички
- 1 лута пиперка
- 1 блага пиперка
- 1/2 китка магдонос
- 1лажица црн бибер во зрно
- 1 главица лук
- 500мл оцет 4%
- 1лажиче сол за секое тегло
- 1лажиче шеќер за секое тегло
Подготовка
Ајде уште еден интересен рецепт за зачинети краставички. Прекрасна и лесна салата која воодушевува со својата колоритност. Мешавина на вкусови, и убава салата за со ракија.
Подготовка:
1. Измијте ги краставичките и исецкајте ги на кругчиња. Ако имате резбалка уште поубаво, ќе бидат брановидно шарени. Во сецкото ставете ги останатите зеленчуци и исецкајте ги. Мешавината од зеленчук префрлете ја во исецканите краставички и промешајте.
2. Во секоја тегла каде ќе полните од салатата ставете ловор лист. Поленете ги теглите убаво до горе.
Ставете бибер во зрно, па полијте со по еден мал филџан, оцет. Ставете и по 1 мало лажиче сол и шеќер, а потоа дополнете ги теглите со врела вода. Затворете веднаш со капакот и протресете да се растопи шеќерот и солта.
3. Превретете ги теглите со капакот надолу, па оставете да изладат така, а потоа вратете ги на полиците за зимница. Прекрасно убав микс во тегла. Нека ви е на здравје