Испечати

Виршли во сос

Виршли во сос

Состојки

  • 500 гр мини виршли
  • 40 мл масло
  • 1 со куп лажица брашно
  • 1 мало морковче
  • 1 лажиче сув зачин
  • 1 лажиче буковец
  • 1/3 лажиче оригано
  • добар прстофат пимент

Подготовка

Повозрасната генерација ќе се сети на оние виршли кои се продаваа спаковани во правоаголна алуминиумска амбалажа, а виршлите внатре во водена течност. Чинам дека од тогаш веќе ни една виршла не е виршла. Е, тие виршли пред да се отворат се вареа така што цело пакетче се ставаше во вода и после се отвораа. Ах, колку убаво мирисаа и колку беа вкусни!
Листајќи по стариот тефтер повторно ми излезе овој рецепт кој е од тоа време за таквите виршли, кој јас упорно со носталгија го прескокнував до сега. Сега мотив ми беа вакумираните мини виршли. Сосот, навидум едноставен, испадна одличен. Секако, јас знам од основниот рецепт и да си дидадам некој зачин плус по мерак.
Се изнамакавме, но ви предлагам дупла доза од наведената за да ви е таман.

Подготовка:

1. Виршлите ги ставаме во тенџере и ги налеваме со вода, некои 3 см да ги покрие и ги вариме 10на минути на средна температура покриени со капак.

2. Во тавче ставаме масло и во него го запржуваме брашното, па го додаваме морковот претходно изрендан на ситно и околу 250 мл вода во која се вареа виршлите.

3. Мешаме и додаваме вода уште малку, да дојди сосот како смеса за палачинки.
Ги додаваме зачините и по 5-10 минути варените виршли.

4. Оставаме да повари уште кратко време и тргаме од рингла. Послужуваме топло.