Испечати

Доматна салца

Доматна салца

Состојки

  • 5 кг домати
  • 2 кг црвени пиперки ками
  • 2 главици лук
  • 250 мл масло
  • 3 - 4 ловоров лист
  • 3 - 4 лажици сенф
  • 1 лажица црн бибер
  • 1 лажица коријандер во зрно
  • 1 рамна лажица шеќер
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 лажица сув босилек
  • 1 лажиче оригано
  • 1 лажиче мајоран
  • 1/2 -1 лажиче пимент
  • по вкус сол

Подготовка

Рецептот од стариот тефтер под наслов Кечап, не сум го правела долго време, но се сеќавам колкава интересна атракција ни беше во тоа време. Оригиналот е до состојките кај е пишан црн бибер, а другото се мои додатоци кои се должат на поголемата палета на зачини денес и искуството кое се стекнало со тек на времето. Овој пат кечапот, кој решив овде да го насловам со името салца испадна во многу подобрена и повкусна верзија од тој кој буди вкусни и драги спомени од едно минато време.

Подготовка

1. Доматите и пиперките се обаруваат, па се лупат. Јас пиперките ги обарив излупив тоа што можеше да се лупи, а другото со блендерот измелив, не даде лушпа никаде да се појави.

2. Доматите, пиперките и лукот измелете ги и ставете ги во тенџере да варат. Откако ќе испари водата му се додава маслото и ловоровиот лист.

3. Кога скоро ќе се преполови содржината во тенџерето ги додаваме зачините и сенфот и дотеруваме на сол по вкус. Кај мене чинам отприлика додадов околу едно лажиче, но секој со вкусовите и желбите, а зачините малку порано од предложеното, само сенфот на крај. Бибер додадов и во зрно, но ви препорачувам мелен.

4. Врелата салца се бери во чисти тегли додека е жешка кои веднаш се затвораат. Се чува во ладно и темно место.