Ледени коцки
Состојки
- за кората 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици масло
- 6 лажици млеко
- 2 лажици какао
- 6 лажици брашно и 1 прашок за пециво
- 300 гр шеќер
- 200 мл вода
- 700 мл млеко
- 2 пудинзи од ванила
- 350 мл хопла
- 150 мл хопла
- 200 гр чоколадо за готвење
Подготовка
Рецептов го имам кој знае од кога. Ми го дала колешка како фотокопија од иссечок од весник. Некако редовно го прескокнував, се го оставав да го пробам во некоја следна прилика. И еве конечно го направив. Зажалив што порано не сум го направила.
Подготовка:
1. Од шесте јајца и останатите состојки матиме смеса за кората. Кората ја печеме во правоаголна тава бр 40, подмачкана со маргарин или путер. Готовата и изладена кора ја преливаме со жежок сируп и оставаме целосно да се излади.
2. Пудинзите ги вариме во млекото на стандарден начин, ја избиваме и хоплата и кога ќе се излади пудингот, соединуваме со миксер додека добиеме мазен крем. Кремот го истураме и рамномерно го распоредуваме преку кората. Целиот колач го преливаме со прелив од хоплата и 200 гр чоколадо растопени заедно на пареа.
3. Се остава да преноќи во фрижидер, се сече со остар нож натопен во врела вода.