Испечати

Рафаело- јагода торта

Рафаело- јагода торта

Состојки

  • 14 вафли
  • 50мл млеко
  • 1лажица кокос сируп
  • 500ге маскарпоне
  • 200мл слатка павлака
  • 2лажици кокос крем
  • 1лажица ванила шеќер
  • 2 лажици кокос
  • 250 гр кисела павлака
  • 350гр јагоди
  • 1 калап за торта 22 цм

Подготовка

Прекрасна торта спремена за роденденот на ќерката Елена,но не и дојде редот да ја споделам во Август, па еве сега ќе ви дадам прекрасен рецепт.

Подготовка:

1. Подгответе го калапот со ширина од 22 цм. Подлогата наредете ја со вафли. Млекото и кокос сирупот помешајте ги и попрскајте ги вафлите.
2. Спремете го филот на следниот начин. Маскарпоне кремот помешајте го со слатката павлака и кокос кремот. Матете убаво да стане доста густо и тврдо. Додајте бурбон ванила, а потоа 250 гр кисела павлака и кокос трошки.Од овој фил ставете врз вафлите, а потоа израмнете со шпатула.
 Додајте исецкани свежи јагоди, па повторете ја постапката. со вафлите, пак со попрскувањето и кремот, па израмнете добро.
3. Оставете најмалку 5 часа да се стврне излади и упие убаво филот. Потоа декорирајте како сакате по ваша желба. Јас не направив ништо посебно при декорацијата . Тортата ја украсив со декоративни цветови и дијаманти.
Нека ви е на здравје