Погачки
Состојки
- 400гр брашно ( плус по потреба ако е меко )
- 1 паковка сув квасец
- 50 мл зејтин
- 50 мл млеко
- 1 белка
- 200мл кисело млеко
- 1лажичка сол
- 1лажичка шеќер
Подготовка
Кога ви се јаде топличко, месенко, еве ви предлог што да си зготвите.
Подготовка:
1. Во длабок сад, јас користев стаклен, помешајте ги сите состојки. Месете толку добро, да добиете убаво фино меко тесто. Ако лепи и имате потреба додајте повеќе брашно.
2. Кога тестото е готово, покријте го со најлонска фолија, па со кујнска крпа и оставете нека се дуплира.
Постапката е околу еден час.
3. Готовото тесто разделете го на повеќе парчиња. Јас го поделив на 6 парчиња зашто калапот во кој ги спремав имаше 6 дупки за 6 погачки. Вие можете да го поделите и на повеќе, на помали погачки.
4. Површината премачкајте им ја со мешавина од млеко и жолчка, а потоа наросете многу сусам.
Јас ги оставив уште 10 минутки да одморат во калапот, а потоа ги печев околу 25 минути.
5. Кога беа готови, ги премачкав со растопен путер и ги покрив со кујнска хартија да одморат малку.
Погачките беа совршени.
На здравје да ви е.