Испечати

Мешана салата

Мешана салата

Состојки

  • 10 кг зеленчук - моркови, корнишони, зелка, карфиол, брокула, пиперки ками, зелени домати, китка магдонос , керебис
  • Солило
  • 300 гр крупна сол
  • 450 гр шеќер
  • 1 ќесиче винобран
  • 1 литар прехрамбена киселина

Подготовка

Се спрема многу брзо и лесно.

1. Исечкајте го зеленчукот на парчиња, брокулата и карфиолот искинете ги на цветови, магдоносот и керебисот исечкајте ги.
Се измешајте во голема шерпа .

2. Потоа додадете ги состојките за солило и повторно убаво измешајте.

3. Оставате го 12 часа така да седи пред да го соберите во тегли со повремено мешање.

4. Пред да соберите во теглите, пробајте го за вкус и ако има потреба дотерајте по ваша желба.

5. Во секоја тегла откако ќе го наредите зеленчукот со набивање, ставете неколку зрна црн бибер и дотурете до навојот од солилото, па затворете.