Käsekuchen - чизкејк со пудинг
Состојки
- 1 паковка пудинг од ванила
- 500гр урда
- 250гр јогурт
- 4 јајца
- 3лажици шеќер
- 200гр боровинки
- 1лажиче кора од лимон
Подготовка
Одличен колач без брашно.
Прекрасен чизкејк кој јас го спремив со кварк, е сега тоа може да биде со урда и може да биде со павлака.
И така и така сум пробала убаво е.
Во длабок сад ставете ги сите состојки и мешајте со миксер.
Ако користите урда, мешајте убаво да се спои.
Калапот постелете го со хартија за печење.
Префрлете ја смесата во него па полека додавајте ги боровинките.
Ставете да се пече на 180 степени.
Нека се пече од 45 до 60 минути, ќе си проверите колку е течно при печењето.
Моето беше печено на 45 но го исклучив и оставив до 60 минути да постои во рерна.
После печењето оставете да одмори во калапот.
Извадете го рамот од калапот пажливо со нож.
Сечете на парчиња врз хартијата., па така вадете ги.
Колачот беше за наш вкус одличен.
Овде во Германија е многу познат десерт, го има во разни варијанти...
Пробајте па кажете, на здравје