Суви домати во маслиново масло
Состојки
- 2,5 кг домати
- 4лажици оригано
- 1литар маслиново масло
- 2 лажици сол
Подготовка
Исечете ги патлиџаните на тркалца.
Ако ги сушите на сонце, посипете ги со сол и покријте ги со газа.
Наредете ги на решетка или како што моите правеа, рамка со ситна мрежа.
Ставете им газа да не ги лазат инсектите додека се сушат.
Сушете ги 2 до 3 дена на сонце.
Ако сакате да ги спремите во рерна тогаш печете ги убаво, да се исушат.
Така спремниот домат редете го во теглички.
Ред домати,сол и оригано, па полијте со маслиново масло.
Редете така,стиснете и затворете со капак.
Тегличките превртете ги наопаку околу 5 минути, да се разлее маслото насекаде, да упијат убаво доматите.
Нека ви е слатко.