Испечати

Бурек на мој начин

Бурек на мој начин

Состојки

  • 500гр готови кори за бурек
  • 200мл газирана Вода
  • 100мл масло
  • 2 лажици кисело млеко
  • 1/2 лажичка пециво
  • Фил по желба
  • сирење, кечап, маслинки,....

Подготовка

По овор рецепт имам правено бурек многу пати, но со сирење. Денес прв пат пица бурек и можам да кажам дека навистина е многу вкусен.
Постапкате е следна.
Прво се прави смесата за попрскување на бурекот така што во еден сад ги мешаме газираната вода, маслото, 2те лажици кисело млеко и пецивото. Тавчето во кое ќе го печиме бурекот прво убаво премачкајте го со масло. Потоа редиме четири кори чии краеви треба да бидат надвор од тавчето и секоја од нив ја попрскува е од смесата. Потоа ставаме уште четири кори, но во внатрешноста на тавчето и повторно секоја од нив ја попрскуваме од смесата.
Сега следува делот на филување, прво ставаме кечап, па рендана салама, маслинки, печурки и на крај кашкавал. Над филот повторно ставаме четири кори, попрскуваме, пак фил и се така додека не се потрошат сите кори. Откако ќе ги ставите последните четири кори не се става од филот туки над нив се преклопуваат краевите од првите кори, се попрскува со преостанатата смеса. Се печи околу 45 мин на 200С.