Печени домати
Состојки
- 1 кг домати
- 1 главица кромид
- 5-6 чешниња лук
- сол по вкус
- 100 мл маслиново масло
- свеж босилек и оригано по вкус
Подготовка
Еден начин за конзервирање на домати за зима. Јас најчесто правам со мали, шери доматчиња, но секако може и со обични, само што ќе треба да ги исечете на парчиња. Ги користам за време на пости, како намаз над препечено лепче, или пак кога приготвувам сосови. Ги ставам во мали теглиња, доволно за еден оброк. Количините се за 1 кг домати.
Подготовка
1. Во тава во која ќе печете ставете ги доматите, кромидот исечен на ленти, лукчето, ливчињата од свежиот босилек, ставете од ориганото, посолете по вкус и залијте ги со маслото.
2. Ставете ја тавата во рерна на 180 степени и печете ги со повремено промешување до посакуваната густина, да испари поголемиот дел од течноста. Испеченото лукче згмечете го и промешајте ја смесата пред да ја ставате во теглите.
3. Ставете ја смесата во тегли и зовријте ги, нека варат десетина минути.