Испечати

Банички со праз и спанаќ

Банички со праз и спанаќ

Состојки

  • Тесто
  • 600гр. брашно
  • 1 лажиче сол
  • неколку ронки свеж квасец
  • по потреба млака вода
  • Полнење
  • 1 страк праз
  • околу 300гр. спанаќ
  • по потреба масло и сол
  • За попарување
  • 350мл. вода
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажици масло

Подготовка

Подготовка

1. Од состојките за тесто замесете средно меко тесто. Поделете го на 6 топчиња и оставете да отстојат 15-20 минути. Во меѓувреме подгответе го полнењето

2. Во тава на оган ставете малку масло и сецканиот праз. Посолете и кратко пропржете. Додајте сосема малку вода и на тивок оган оставете да се динста додека водата испари. Тргнете го празот настрана, а во тавата ставете го спанаќот искинат на помали парчиња. Оставете го на тивок оган да омекне додека испари водата што ќе ја пушти. Потоа соединете го заедно со празот.

3. Секое топче тесто расукајте го во тенка кора. Попрскате со масло и нанесете од полнењето на едната половина од кората. Преклопете малку од кората каде е полнењето. Потоа преклопете ги малку и страничните делови на кората за да се затворат краевите. Потоа виткајте ја во должина како штрудла. Наредете ги корите во намрснат плех и исечете ги на парчиња.

4. Печете на 200 стаепени додека заруменат. Откако ќе се испечат попарете ги со провриената мешавина од вода, сол и масло. Вратете во рерна, за да ја впијат водата. Потоа извадете ги и покријте ги со подебела крпа додека малку подоладат.