Густ сок од кајсија и праска
Состојки
- 1кг кајсии
- 1кг праски
- 800 гр шеќер
- 5литри вода
Подготовка
Подготовка:
1. Измијте ги и исчистете ги кајсиите и праските од семките. Ставете ги во сад со вода и оставете да повријат.
2. Така зовриени ставете ги да се изблендираат, а добиената густа смеса, префрлете ја во сад на оган. Додајте го шеќерот и промешајте нека се растопи. Оставете нека повари убаво и соберете ја жешката смеса во шишиња Затворете веднаш. Нека ви е слатко.
*Забелешка - Додека живеев во Македонија и додека имав шерпи и ќумбе, ништо не спремав на овој начин. Но, сега да добијам домашно подготвено, морам да се адапртирам на условите кои ги имам. Затоа помагаат многу делимано апаратите. Фала им.