Испечати

Мармалад од модри сливи во Мултикукер

Мармалад од модри сливи во Мултикукер

Состојки

  • 2 кг модри сливи
  • 400 гр шеќер
  • 2 ќесички ванилин шеќер

Подготовка

Подготовка
1. Исчистете ги сливите од коските и сомелете ги.
2. Ставете ги во лонецот од Мултикукерот и пуштете ја програмата за џем. Доколку немате таква програма, пуштете го на DIY и темпирајте го на 100 степени 60 минути за почеток и работете слично по упатствата подолу наведени.
3. На програмата за џем која е автоматска, 30 минути на 100С изработете го мармаладот со тоа што на 10 минути ќе отворате и ќе мешате. Потоа повторно уште еднаш ја стартувате и по 20на минути го додавате шеќерот.
4. Кога ќе заврши, пуштаме трет пат, но само уште 20 минути е доволно за совршена густина барем кај мене и овој пат го додаваме ванилиниот шеќер. Соберете во чисти суви тегли додека е врело и превртете ги да се вакумираат.