Црн домат со пиперки
Состојки
- 1 црн домат (среден)
- 2 зелени пиперки
- 200 мл. павлака за готвење
- по потреба сол и масло
Подготовка
Го обожавам црниот домат, а доста вкусен е и во оваа комбинација.
Подготовка:
1. Црниот домат го миеме, го сечкаме на коцки, го посолуваме и го оставаме да отстои 15 минути да му излезе горчилото.
2. Потоа го ставаме на кујнска хартија да се впие течноста, а во тавче ставаме масло да се загрева.
3. Црниот домат почнуваме да го пржиме на среден оган додека да омекне.
4. Ги додаваме зелените пиперки исечкани на кришки, пржиме заедно додека убаво да се запржи зеленчукот.
5. На крај ја ставаме павлаката за готвење, мешаме да се соеднини сето и малку да се згусни.
Забелешка
* Не можам да знам дали црниот домат ќе горчи или не, па затоа секогаш го посолувам и чекам да отстои.
* Поради посолувањето на црниот домат, може да нема потреба дополнително да се додава сол, но тоа правете го по вкус.
* По желба додадете и луто пиперче во пржењето.
(539)