Испечати

Сок од грозје (сируп за растворање)

Сок од грозје (сируп за растворање)

Состојки

  • 2 кг Црно грозје (мерено само зрната)
  • 1,25 кг Шеќер
  • 1 Лимон (сокот)
  • 1 Лимон (исечен на кришки)
  • 1,5 л Вода

Подготовка

Искористете ја сезоната на грозјето на вистинскиот начин, така што дел од ова здраво и вкусно овошје ќе го претворите во сок кој ќе го консумирате преку целата година.

Подготовка:

1. Од грозјето ги вадиме само зрната, убаво ги миеме и ги ставаме во електричен сецко да се иситнат. Добиената течност (сосе семки и лушпи) ја ставаме во поголемо тенџере, го додаваме шеќерот, сокот од лимон и кришките лимон. Промешуваме и го оставаме тенџерето во фрижидер 24 часа, повремено промешуваме.
2. Наредниот ден додаваме 1,5 литри вода, и го ставаме тенџерето со течноста на појака температура, нека зоврие сокот, па од моментот на зовривање оставете да врие уште 10 минути. Додека врие сокот истовремено ја отстрануваме пената.
3. Потоа го процедуваме сокот, прво преку покрупна цедилка, па преку поситна цедилка. Врелиот сок складирајте го во загреани и стерилизирани шишиња.

Забелешка - Сокот се разредува со ладна вода, во количина по вкус. Сите оние што го одбегнуваат шеќерот и не можат да го пијат овој сируп, можат да исцедат свеж сок од грозје и веднаш да го испијат, или да го замрзнат, бидејќи гроздовиот сок брзо ферментира.

На здравје!