Тегнети банички со тиква и урда
Состојки
- Тесто
- 700гр. брашно
- 4 лажици масло
- 1 лажичка сол
- по потреба млака вода
- Полнење
- 4 грста рендана тиква
- 350гр. урда
Подготовка
Подготовка
1. Од состојките за тесто замесете средно меко нелепливо тесто. Поделете го тестото на 7 топчиња. Секое топче расукајте го во мала кора(големина колку мала плитка чинија). Премачкајте ги корите со масло и оставете да постојат 15-20 минути.
2. Во меѓувреме спремете го полнењето. Во тава на оган ставете малку масло и додајте ја ренданата тиква. Кратко пропржете ја, додајте сосема малку вода и оставете да се динста на тивок оган додека водата целосно испари. Оставете да се олади, па измешајте ја со урдата и малку сол.
3. На чаршав со раце растегнете една кора. Попрскајте ја со масло и нанесете од полнењето.
Со помош на чаршавот завиткајте ја во должина, а потоа од двете страни како полжав. Повторете ја постапката со сите кори.
4. Вака спреманите банички наредете ги во плех и премачкајте ги со масло. Печете на 200 степени, 25 минути.