Испечати

Антипаста со боранија

Антипаста со боранија

Состојки

  • 400гр свежа боранија
  • 500мл сос од патлиџани
  • 2лажици паста од пиперка
  • 1главица кромид
  • 1лажица оцет

Подготовка

Подготовка:

1. Исчистете ја боранијата и измијте ја. Во тава на оган запржете главица кромид сецкана на средни парченца, не мора да е ситно. Штом се запржи, додајте ја и боранијата исецкана на парчиња. Пржете да се испржи убаво
2. Додајте го пирето од пиперки помешано заедно со оцетот, па полека спојте се во садот. На крај се додава и сосот од патлиџани, па се остава убаво да си крчка. Готово е кога ќе си искрчка сосот, а боранијата ќе омекне. Ако сакате може и да потпече, но не мора.

.На здравје