Испечати

Јадење за пет плус

Јадење за пет плус

Состојки

  • 1 помала главица кромид
  • 5-6 печени, црвени пиперки
  • 1 домат
  • сирење по желба
  • 2 јајца

Подготовка

За мене пиперката е царица во кујната, ја сакам на сите можни начини и кога и е периодот и во зимница. Ова ми е едно од омилените јадења, за макање.

Подготовка:
1. Пиперките претходно испечете ги и излупете ги. На малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид.
2. Пиперките исечкајте ги и ставете ги во кромидот да се пржат. По 5-6 минути додајте го исечканиот домат.
3. На доматот ќе му треба неколку минути да се спои со пиперката, па додајте го сирењето.
4. На крајот ставете ги јајцата, малку промешајте ги и исклучете ја ринглата. Од самата температура тие ќе се допржат. Со топле лепче макајте и уживајте!