Рижото со доматна салса и козјо сирење
Состојки
- 2 раце ориз
- 6 лажици погуста доматна салса
- 1 мала главица кромид
- 4 лажици зреено рендано козјо сирење
- малку маслиново масло
Подготовка
Подготовка:
1. Во тава на оган ставете малку маслиново масо и додајте го сецканиот кромид. Пропржете. Додајте го оризот и продолжете со пропржување и на оризот. Налејте во тавата 3 црпалки топла вода и оставете да се готви на среден оган.
2. Откако водата скоро е испарена додавајте постепено по потреба вода додека оризот се свари. При крај додека водата е речиси испарена, додајте ја доматната салса и сирењето. Промешајте и оставете уште 1 минута на тивок оган. Сервирајте топло.
Забелешка
Бидејќи сирењето е солено јас не додадов сол. По желба може да си додадете.