Испечати

Путер-кашкавалки

Путер-кашкавалки

Состојки

  • 300 мл Млеко (млако)
  • 150 мл Масло
  • 1 г.л. Шеќер
  • 1 г.л. Сол
  • 1 Сув Квасец
  • околу 550 гр Брашно (просеано)
  • околу 100-120 гр Путер (растопен)
  • околу 150-200 гр Сусам
  • 250 гр Кашкавал (рендан)

Подготовка

Превкусни путер кашкавалки за превкусен појадок за вас и за вашите најмили.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме наведените состојки, од кои брашното го додаваме на крај. Се замесува меко, нелепливо тесто, кое го покриваме и го оставаме на топло место да стаса.
2. Стасаното тесто се дели на 10 дела, кои ги формираме во топчиња. Од секој дел на работната маса формираме елипсовидна форма, ставаме кашкавал и ги затвораме краевите. Убаво ги спојуваме, за да не се отворат. Така формираните кашкавалки ги потопуваме во растопениот путер, па во сусам.
3. Ги редиме во плех (врз хартија за печење) со споените краеви свртени надоле. Ги покриваме, нека стасаат, па непосредно пред печење ги засекуваме со остар нож на горната страна на 2-3 места. Печеме во загреана рерна на 200 степени (до заруменување).

Забелешка - Пред да се обложат со сусам, може наместо во растопен путер да ги потопите во млеко, тоа е по желба и вкус.

На здравје!