Испечати

Омлет со модар патлиџан и кромид

Омлет со модар патлиџан и кромид

Состојки

  • 1 мал модар патлиџан
  • 1 главица црвен кромид
  • 4 јајца
  • 3 лажици маслиново масло
  • по потреба сол

Подготовка

Кај мене преостанатиот зеленчук најчесто завршува спакован како омлет. Овој пат употребив само модар патлиџан и кромид. Оваа комбинација многу ја сакам, а вака со омлет супер излезе.
Јас користев тенок долгнавест модар патлиџан, кој се разликува од останатите сорти по тоа што го нема оној малку горчлив вкус.

Подготовка:

1. Во тава на оган ставете 2 лажици маслиново масло. Додајте го кромидот исечен на резанки. Пропржете околу 1 минута, па додајте го модриот патлиџан исечен на мали парчиња. Посолете и оставете на тивок оган да се пржат.

2. Во сад изматете ги јајцата со малку сол. Додајте го испржениот зеленчук и убаво измешајте.

3. Во нелеплива тава ставете 1 лажица маслиново масло да се загрее. Додајте ја изматената смеса, покријте ја тавата со капак и оставете на тивок оган да се пржи неколку минути. Потоа со помош на чинија преврете го омлетот и вратете во тавата да се испржи и од другата страна.

Многу е вкусно. Пробајте.