Испечати

Плетени суви колачиња

Плетени суви колачиња

Состојки

  • Тесто
  • 250 гр маргарин
  • 1 јајце
  • 1 чаша шеќер во прав (чаша од 150 мл)
  • 1 чаша нишесте
  • 1/2 чаша млеко
  • 2 лажици јогурт
  • 1 пакетче ванила
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 500 гр брашно
  • Фил
  • 3 лажици мармалад од кајсии
  • 1 лажица какао
  • 150 гр мелени ореви
  • мелени бисквити по потреба

Подготовка

Што да ви кажам, буквално се заиграв. Откако ги видов во паметта ми беа, баш заради нивниот изглед. Има малку работа ама вреди за сите пари.

Подготовка.
1. Филот во оригиналниот рецепт беше со пржени јаболка, цимет, но јас немав во моментот и затоа направив по мое, што ми се најде. Најбитно е да е сув, да не ви се разлее во печењето.
2. Сите состојки за тестото измешајте ги и измесето тесто. Поделете го на топчиња, моите беа по 70 гр едно.
3. Секое топче тесто расучете го со големина колку една тацна од филџан за кафе. Со нож исечете ги краевите за да добиете правоаголна форма.
4. Тестото од око поделете го на 4 дела, на едниот ќе ставите топче од филот, спротивното останува цело, а другите две пресечете ги на ленти, јас на 5. (видете на сликите, појасно ќе ви биде)
5. Преку филот префрлете го спротивниот дел и со прсти нежно притиснете го по краевите. Потоа почнете со плетење на лентите, една од едната страна, па друга од другата страна и така направете со сите.
6. Печете на 180 степени петнаесетина минути, малку да пожолтат. Одозгора наросете ги со шеќер во прав.