Соленки со прелив
Состојки
- 600 гр брашно
- 400 мл топло млеко
- 7 гр сув квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче сол
- Прелив
- 1 лажица сол
- 2 лажици брашно
- 1/2 лажиче сода
- 5 лажици вода
Подготовка
Подготовка
1. Во топлото млеко растворете го квасецот и додајте го во брашното. Ставете го и шеќерот и солта. Замесете кратко колку да се спои млекото со брашното. Во зависност од брашното можеби ќе треба уште малку млеко, педесетина милилитри отприлика. Покријте го садот и оставете го да одмори десетина минути.
2. Сега извадете го на работната маса и убаво измесете го, месете отприлика пет минути. Тестото не треба да лепи, треба да е меко и мазно. Оставете го покриено да стасува околу 45 минути.
3. Поделете го на 10 дела, отприлика по 100 гр секој. Направете топчиња, покријте ги и оставете ги да одморат десетина минути.
4. Сега секое топче малку развлечете го со рака па со помош на сукало развлечете го со должина на плехот во кој ќе печете. Убаво расучете го и ќе се добие долга правоаголна лента. Свиткајте ја во ролат.
5. Наредете ги сите кифли на плехот кој сте го прекриле со хартија и секоја кифла премачкајте ја со масло. Прекријте ги со фолија.
6. Приклучете ја рерната на 200 степени. Кога ќе се загрее ставете ги кифлите да се печат, отприлика петнаесетина минути им е потребно да заруменат. Извадете ги и испрскајте ги со преливот. Јас го ставам во најлонче и малку го пресекувам врвот, а може и со лажица. Вратете ги да се допечат уште некоја минута. Кога ќе ги извадите пак со помош на четка премачкајте ги со малку масло.
За преливот, измешајте го брашното со солта и пецивото и додавајте лажица по лажица од водата, мешајќи. Смесата не треба да е многу течна зашто ќе се разлее.