Салата со макарончиња
Состојки
- 3 чаши макарони
- 2 варени јајца
- 2 домата
- 1 свежа краставица
- 2 варени компири
- 1/2 чаша свеж кромид
- 1 чаша мајонез
- сол по вкус
- бибер по вкус
Подготовка
Подготовка:
1. Во длабоко тенџере се ставаат макароните со вода да се сварат. Откако ќе се сварат се мијат со ладна вода и се ставаат сите состојки.
2. Најпрво се става сечканата краставица, варениот сечкан компир, сечкани варени јајца, ситно насецкан кромид и сецканиот домат.Сето ова се промешува.На крајот сите состојки се сврзуваат со мајонез. Се става сол,и црн бибер по вкус. Салатата се става во фрижидер убаво да олади и се сервира.
Пријатно јадење!