Колачи од јатки
Состојки
- 40 гр лешници
- 20 гр бадеми
- 70 гр урми
- 40 гр овесни снегулки
- 2 лажици какао
- 2 лажици кокосово масло
- 2 лажици мед
- 1 лажица рум аромa
Подготовка
Брзи колачи за овие летни жешки денови да не поминувате многу време во кујна, а да имате брз и вкусен десерт без шеќер.
Подготвока:
1. Во блендер ги ставаме јатките и урмите, блендираме. Во смесата ги додаваме останатите состојки, блендираме додека не се добие хомогена смеса.
2. Формираме бомбици, во средината правиме со прст мало дупче. Во секоја празнина ставаме по едно мало лажиче стопени темно чоколадо со 70% какао.