Испечати

Мини орео чизкејк

Мини орео чизкејк

Состојки

  • За основата
  • 75 гр мелени орео колачиња
  • 35 гр путер
  • За фил
  • 125 гр крем сирење
  • 60 гр шеќер во прав
  • 150 мл слатка павлака
  • 1 лажиче ванила
  • 4 гр желатин + 2 лажици вода
  • 4 лажици ситно кршени орео колачиња
  • За украсување
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 лажиче шеќер во прав
  • орео и/или чоко трошки

Подготовка

Подготовка

1. Најпрво се спрема основата. Се мешаат мелените орео со путерот и се распоредуваат во длабоки силиконски калапи за мафини (за 6 мафини), по отприлика 2 лажици.

2. Со помала чаша или друг рамен предмет се натапкуваат и израмнуваат убаво и се оставаат во замрзнувач додека се спрема филот.

3. Желатинот се раствора во ладната вода и се остава да желира. Потоа се става во поголем сад со жешка вода и се меша додека стани течен.

4. Со миксер се меша крем сирењето со шеќерот, па се додава слатката павлака. Се додава ванилата и растворениот желатин и откако ќе се соедини на крај со лажица се мешаат орео парчињата.

5. Со оваа смеса се полнат калапите врз претходно спремената основа до горе и најгоре се израмнува со шпатула. Се враќа калапот во замрзнувачот и се остава да се здрват тортиците, најдобро преку ноќ.

6. Потоа внимателно се вадат од калапот и одозгора се украсуваат со изматената слатка павлака, орео и чоко трошки. До служење чувајте ги во фрижидер.