Шпагети ајс торта
Состојки
- крем
- 2 паковки парадис крем
- 400мл слатка павлака
- 100мл млеко
- 250 гр кисела павлака
- 250гр маскарпоне
- 2лажици шеќер во прав
- 2паковки ванила
- 1мала лажичка ванила екстрат
- 1 паковка мелени лушпи од цитрон
- 50мл млеко
- За пандишпан
- 36 лажичка бисквити
- 150мл млеко
- Огледало глазура (глазура од јагоди )
- 350гр замрзнати јагоди
- 1лажица шеќер
- 50мл вода
- 2-3лажици нишесте
- За декорација
- 1 бело чоколадо
Подготовка
Уште еден летен десерт, лапни голтни како вели народната. Ајде да го спремиме.
Подготовка:
1. Во садот кај миксерот ставаме прво парадис крем, слатка павлака и млеко. Штом се згуснува, додаваме кисела павлака, маскарпоне, шеќер во прав, ванила и екстрат од ванила, пакување лушпи од цитрон и на крај уште малку млеко. Се мати убаво, да се добие една убава цврста смеса. Повторно го земаме калапот кој што ни овозможува колку сакаме толку да биде големината. Ја местиме и почнуваме со редење.
2. Филот го делиме на два дела. Бисквитите ги топиме во млеко и ги редиме во калапот. Врз нив ставаме еден ред од кремот кој го спремивме, а потоа ја повторуваме постапката со бисквитите. Вториот дел од кремот го нанесуваме за крај, рамномерно.
3. Во кацерола ги ставаме јагодите, водата и шеќерот, па оставаме да зоврие. Со алат за пасирање ги пасираме дирекно во садот, па разматуваме 2-3 лажици нишесте, Мешаме да згусне убаво смесата.
Оваа глазура ја полеваме врз тортата рамномерно, убаво, полека поминувајќи со шпатула.
Оставаме да излади малку во ладилник, а потоа како декорација рендаме бела чоколада,
4. Оваа торта десерт, овде во Германија е позната под името Шпегети ајст торта.
Колку стои толку е поубава. Пробајте ја, нема да згрешите.
На здравје