Испечати

Чоко-коко ролат (без печење)

Чоко-коко ролат (без печење)

Состојки

  • Чоколадна Смеса
  • 250 гр Плазма бисквити (мелени)
  • 100 гр Ореви (мелени)
  • 70 гр Шеќер во прав
  • 1 м.л. Какао
  • 100 гр Темно Чоколадо (стопено)
  • 130 мл Млеко (топло)
  • 1 г.л. Рум екстракт
  • Кокос Смеса
  • 150 гр Путер (на собна температура)
  • 70 гр Шеќер во прав
  • 3-4 г.л. Млеко
  • 100 гр Кокос
  • 20 гр Темно Чоколадо (рендано)

Подготовка

Готов буквално за 15 минути, превкусен ролат со кокос и чоколадо.

Подготовка на чоколадна смеса

1. Во длабок сад ги ставаме плазма бисквитите, оревите, какаото и шеќерот во прав. Соединуваме со лажица.
2. Го додаваме чоколадото, млекото и румот. Месиме со рака до убаво хомогенизирање на состојките. Оваа смеса ја распоредуваме врз едната половина од мрсната хартија за печење (на која претходно сме одбележале димензии 40х32цм) преклопуваме со другата половина од мрсната хартија и во зададените димензии со помош на оклагија расукуваме рамномерно.

Подготовка на кокос смеса

1. Во длабок сад ги ставаме путерот, млекото и шеќерот во прав. Миксираме до соединување. Го додаваме кокосот - соединуваме. Оваа смеса ја нанесуваме рамномерно врз чоколадната смеса и со помош на шпатула рамниме. Врз кокос смесата го рендаме чоколадото (на јадрата страна од рендето).
2. Сега со помош на мрсната хартија го завиткуваме стегнато ролатот, краевите ги свиткуваме и го оставаме ролатот во замрзнувач. Непосредно пред сервирање сечеме парчиња и послужуваме.

*Забелешка - Ако користите друг вид на бисквити, можно е да варира количината на млеко, но најбитно е дека смесата не смее да биде ни претврда ни премека.

На здравје!