Испечати

Рижото со печурки

Рижото со печурки

Состојки

  • 250 гр. свежи шампињони
  • 1 главица кромид со средна големина
  • 1 морков
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 шоља грашок
  • 1/2 шоља пченка
  • 1 шоља ориз - 150 гр.
  • неколку лажици маслиново масло
  • по вкус сол, мелен црн пипер
  • 50 мл. бело вино
  • 1 коцка за супа
  • 750 мл. вода
  • 1 ловоров лист
  • 1 коцка путер - колку 1 лажица
  • малку пармезан - околу 30-40 гр.
  • *Шољата е од 150 гр.

Подготовка

1.Најпрво се подготвуваат печурките. Се лупат, мијат, сушат со кујнска крпа, се сецкаат (не многу ситно на две или четири), се ставаат на неколку лажици заграно маслиново масло да се динстаат-пржат. Се посолуваат со сол, се покриваат со капак.Некои 10 мин. се динстаат, бидејќи пуштаат вода, со повремени промешувања, на умерен оган, а потоа со отворен капак се пропржуваат.Им се додава сецканото лукче и црна пипер.Се тргаат настана.

2. Во тава на малку масло се пропржува кромидот и морковот со сол, па се додава оризот и тој се пропржува, па се додаваат грашокот и пченката.Се убаво се полева со винце, се чека да се упие, па се додава од супата која веќе ни е готова да се покрие целата смеса.Се промешува и покрива со капак, на умерен оган.Штом се упие течноста, повторно се налева.Супата се додава на неколку пати, цело време се готви покриено со повремени мешања.

3.Кога оризот е варен, се додава коцката путер, подготвените печурки, убаво се промешува и на крај пармезанот. Јас вино и пармезан не ставив, по желба на нарачателот. Го направив со кочански ориз, а најдобро е со Арборио или некоја друга врста соодветна за рижото. Наведената количина на вода се зоврива, се додава коцката за супа, убаво се раствора и се додава ловоровиот лист.

На здравје!