Неутрални крофни
Состојки
- 400 мл млеко
- 50 мл масло
- 40 гр свеж квасец
- 2 лажици шеќер
- прстофат сол
- 2 јајца
- 700 + 50 гр брашно
Подготовка
Подготовка
1. Во топлото млеко го ставаме шеќерот и квасецот и оставаме да запени. Додаваме половина од брашното, мешаме, па го додаваме маслото, солта и јајцата и повторно убаво мешаме. На крај го додаваме постепено брашното и мешаме. Тестото треба да е меко, но не и воденесто, па ако има потреба додадете уште 50на гр брашно.
2. Работиме со миксер или дрвена лажица, бидејќи е помеко тесто. Измесеното тесто го поросуваме со прстофат брашно, го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. Дуплираното тесто го префрламе на набрашнета работна маса, го месиме убаво и потоа го расукуваме во дебелина од 1 см.
4. Со кружен калап вадиме парчиња кои ги ставаме на набрашнета површина и ги покриваме да отстојат 20 минути.
5. Ги пржиме во загреано масло на средна температура на шпоретот така што ги ставаме прво да се пржи страната која била одоздола, па покриваме со капак (отприлика 1 минута, но не е мерило) и кога ќе се испржат од таа страна ги превртуваме и ги допржуваме без поклопување.
*Капакот во меѓувреме бришете го од пареата, за да не се ствара вода во маслото за пржење.
Крофните се неутрални, можи да ги користите и како солени и посипани со шеќер и прелив како благи.