Испечати

Колачиња со парчиња чоколадо

Колачиња со парчиња чоколадо

Состојки

  • 1 Јајце
  • 125 гр Шеќер
  • 1 Ванила
  • 200 гр Маргарин (путер) на собна температура
  • 300 гр Брашно
  • 1 Пециво
  • 100 гр Чоколадо (исецкано на коцкички)

Подготовка

Превкусни колачиња, идеални за со кафе и добро друштво. Брзо и лесно се подготвуваат, а потребни ви се едноставни и малку состојки, па за кратко време ќе имате супер заблажување за вас и вашите најмили.

Подготовка

1. Во длабок сад ги миксираме јајцето, маргаринот или путерот, шеќерот и ванилата. Потоа ги додаваме останатите наведени состојки (од кои чоколадото на крај) и месиме со рака компактно тесто.
2. Од ова тесто формираме топчиња кои ги редиме во плех врз хартија за печење.
3. Печеме во загреана рерна на 200 степени (времетраење зависно од рерната, јас печев околу +- 15-на минути). Испечените колачиња ги редиме врз решетка, нека оладат, па послужуваме.

Забелешка - Од наведената количина испаѓаат околу 60 колачиња, доколку ги правите со тежина од 15-16 гр, а може да се прават со тежина од најмногу 20 гр (така ќе добиете околу 45-50 колачиња).

На здравје!