Испечати

Чоколадни палачинки со крем од кајсии

Чоколадни палачинки со крем од кајсии

Состојки

  • Палачинки
  • 3 јајца
  • 200 мл млеко
  • 200 мл кисела вода
  • 1 и 1/2 лажица какао
  • 1/2 лажичка пециво
  • 7 лажици брашно
  • Крем од кајсии
  • 700 гр кајсии
  • 3 лажици шеќер
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 гр крем сирење
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 лажица арома од ванила

Подготовка

Палачинките можете да ги направите по овој, но и по друг, ваш рецепт. Стандардно се прават и од оваа смеса излегуваат десетина палачинки.
За кремот
1. Во тенџерче ставете ги исечканите кајсии и трите лажици шеќер и ставете ги на оган да зовријат. Нека варат 5 минути, цело време мешајќи. Тргнете ги од огнот и ставете ги на цедилка да се исцедат.
2. Сувата смеса тргнете ја настрана и во неа додајте го искршеното чоколадо. Измешајте да се стопи чоколадото.
3. Течната смеса вратете ја на оган, на средна температура и продолжете со варење се додека не се згусти, да дојди како прелив.
4. Крем сирењето изматете го рачно со ванилата и шеќерот во прав и додајте го во кајсиите со чоколадо. Измешајте. Филувајте ги палачинките и одозгора прелијте ги со преливот. Украсете со исечкани свежи кајсии.