Испечати

Колач со цреши (Kirschkuchen)

Колач со цреши (Kirschkuchen)

Состојки

  • 400-500 гр цреши
  • За тесто
  • 420 гр брашно
  • 1 ќесе прашок за печење
  • 210 гр путер
  • 120 гр шеќер
  • 1 јајце
  • За крем
  • 700 мл млеко
  • 60 гр нишесте
  • 120 гр шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 400 гр кисела павлака

Подготовка

Подготовка

1. Измешајте го брашното со шеќерот пецивото, додајте го путерот и истријте го со брашното. На крај додадете го јајцето и замесете ронливо тесто. Тестото нема да е компактно, но кога ќе го стисните со раката треба да стои целосно.

2. 2/3 од тестото наросете во тава 20х30. Распоредете го убаво насекаде и набијте го и израмнете го притискајќи со рамен газер од чаша.

3. Во дел од млекото растворете го нишестето, а остатокот со шеќерот ставете го да се загрее, па додадете го раствореното нишесте и сверете крем. Во кремот измешајте ја ванилата и после 15на минути и киселата павлака, па истурете го врз тестото во тавата.

4. Одозгора наредете исчистени цреши. Друго овошје наместо цреши можи да е вишни или модри сливи (оние со црвено месо).

5. Врз овошјето изронете го тестото кое сте го оставиле на страна. Печете на 180С 50на минути.

6. Готовиот колач откако ќе излади (јас четврт уште жежок го „отепав“, а као да пробам малце оти кој ќе издржи до утре) исечете го на коцки и по желба наросете малку одозгора со шеќер во прав (јас бев нестрплива и го изумив, ама господски му се сладевме)

 

*Забелешка - За жал, мене црешите ми беа солидно суви, откако ги исчистив ги оставив преку ноќ во фрижидер кој суши, а ги обложив со салфетки. До другиот ден се уште не знаев што десертче ќе „стуткам“ со нив, а за ова баш треба да се сочни. Изборот на овошјето кој ви го предложив и погоре објаснетото за моите цреши е затоа што, доколку се решите да го испробате рецептот кој мене особено ми се допадна, да си имате предвид дека од сочноста и бојата на овошјето ќе добиете мноооогу поинтесен изглед на колачот кога овошјето ќе стапи во допир со белиот крем.