Овошна сладолед торта
Состојки
- основа
- 30 гр јатки ( јас ставив ореви и бадеми )
- 80 гр урми
- 100 гр овесни снегулки
- 2 лажици кокосово масло
- 2 лажици кокосово млеко
- Фил
- 1 банана
- 2 праски
- 3 кајсии
- 150 мл густо кокосово млеко
- 1 лажица агаве сируп
Подготовка
Подготовка:
1. Основа- во длабок сад ги ставаме јатките и урмите, блендираме. Ги додаваме овесните снегулки, кокосовото млеко и масло, блендираме. Смесата ја ставаме во сад со димензии 20х20 претходно обложен со хартија за печење. Ја натапкуваме смесата.
2. Фил- во блендер ги ставаме бананата, праските и кајсиите исечени на парчиња. Ги додаваме кокосовото млеко и агаве сирупот. Блендираме додека не се добие хомогена смеса. Филот го ставаме врз основата. Тортата ја ставаме во замрзнувач да стои 4-5 часа. Пред послужување ја оставаме 10тина минути на собна температура.