Коктел секс на плажа – Cocktail Sex on the beach
Состојки
- 40мл водка
- 20мл ликер од праска
- 60мл сок од портокал
- 60мл сок од брусница
- парче портокал
- 2-4 коцки мраз
Подготовка
Ништо не може подобро да не освежи во топлите летни денови од коктел. Можат да бидат слатки, горчливи, со мешан вкус, со коњак, џин, вотка, рум или текила...
Еден од нив е „Секс на плажа“. Легендата вели дека овој коктел е создаден во 1987 година на Флорида, за време на летните одмори. Таа година започна производството на ликер од праска, а за подобар пласман на истиот, била понудена награда од 1.000 долари на барот што најмногу го продава споменатиот пијалок.
Младиот шанкер од „Confetti Bar“ Тед Пицио помешал Peach Schnapps со вотка, сок од портокал и брусница. Пијалакот бил вкусен и привлечен за тогашните студенти кои учеле во непосредна близина на шанкот. На прашањето како се вика пијалокот, тој рекол „Секс на плажа“, бидејќи двете главни причини поради кои луѓето доаѓале на Флорида во тоа време се плажата и сексот. Така настанало името.
Sex on the beach (Секс на плажа) е еден од најпопуларните коктели. Освежителен е и вкусен. Едноставно вреди да се проба.
Подготовка
1,Во чаша ставете 2-4 коцки мраз
2. Во шејкер истурете вотка, ликер и сокчиња и добро протресете
3. Процедете ги состојките од шејкерот во чаша и прелијте ги со коцките мраз
4. Украсете го коктелот со парче портокал
Или може да се стават прво коцки мраз во чашата, па вотка, па ликер од праска, па свежо цеден сок од портокал и на крај сок од брусница.