Испечати

Карпачио од тиквица

Карпачио од тиквица

Состојки

  • дресинг
  • 3 лажици балсамико
  • 1лажица мед
  • 1/4 лажиче рузмарин
  • 1 сок од лимон
  • 4лажици маслиново масло
  • За слатата
  • 2 тиквици
  • 100гр фета сирење
  • 3 лажици карамелизирани ореви

Подготовка

Подготовка:

1. За почеток морам да кажам дека треба да се подготват оревчињата. На хартија за печење ставете ги и попрскајте ги со кафен шеќер. Оставете да се растопи шеќерот. Вадете од рерна, готови се.
2. Тиквиците излупете ги со лупалче за компири, вадете ленти така додека не ги потрошите цели тиквички. Лентите запржете ги и помешајте ги со оревчињата и сирењето кое го исецкавте на коцки. Спремете го дресингот кој ќе го полиете во салатата. Помешајте ги сите состојки заедно.
Кога е готов, благо размешајте ја салатата и служете.
Нека ви е слатко.