Чоколадни переци
Состојки
- 100 гр маргарин
- 150 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 јајца
- 3 лаж какао
- 1 лаж прашок за пециво
- 300-350 гр брашно
- 200 гр чоколада за декорација
- 100 гр ореви за декорација
Подготовка
Маргаринот се меша со шеќерот и ванилиниот шеќер, се додаваат јајцата, какаото, прашокот за пециво и брашното и се замесува тесто.
Од тестото се прават стапчиња во должина од 15-17 см и дебелина од 5 мм и се формираат во переци.
Се печат во тавче обложено со хартија околу 7-8 мин на температура од 180 степени.
Потоа одкако ќе се оладат се потопуваат во стопена чоколада и се валкаат со мелени или сецкани ореви.