Шакшука
Состојки
- 1 главица кромид
- 3 пиперки
- 1 конзерва (400 гр) домати
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче кумин
- 1,5 лажиче црвен пипер
- 4 јајца
- ситно сечкан магдонос
- листови босилек
Подготовка
Подготовка
1. Исечкајте ги ситно кромидот и пиперките. Запржете го кратко кромидот и додадете ги пиперките. Пржете додека не омекнат.
2. Додадете го лукот ситно исечкан и по една минута зачините кои ќе ги пржите исто така една минута за да ја испуштат аромата, па додадете ги доматите. Користиме домати од конзерва, но секако дека и свежи во таа грамажа можат да се употребат.
3. Откако ќе подиспари водата, посолуваме, мешаме и ја намалуваме температурата на средно ниска, па се прават со лажицата длапки и во неа се ставаа јајцата, по едно во секоја.
4. Ја поклопуваме тавата со капак и оставаме да се зготват јајцата. Во зависност од тоа дали сакате да е варена или не жолчката варијација од 10 минути на готвење.
5. Кога е готово јадењето, се служи топло, одозгора посипано со магдонос и листови свеж босилек.