Испечати

Летна манџа од ролован црн домат, полнет со мелено месо и сирење

Летна манџа од ролован црн домат, полнет со мелено месо и сирење

Состојки

  • 1 поголем црн домат
  • Масло за пржење
  • Брашно ако има потреба
  • Полнење
  • 300гр мешано мелено месо
  • 1 мала главичка кромид
  • 1 морков
  • Масло, сол, бибер, зачин, магдонос, црвен пипер
  • 40,50гр ориз
  • 100гр бело сирење
  • 1 поголем црвен домат
  • 50мл вода
  • Свеж босилек

Подготовка

Ручеков беше за мерак. Топла препорака да го подготвите. Во план ми беше во полнењето да додадам 1,2 лажици мелен орев, за јаткаст вкус...Но заборавив. Следниот пат Го послужив со бешамел сос, таратур.

Подготовка:

1. Прво црниот домат убаво го миеме. Со помош на алатка го сечиме на танки ленти.
2. Во тава загреваме масло. Ако користите леплива тава, може многу нежно кришките црн домат да се извалкаат во малку брашно. Ги пржиме од двете страни, само благо да заруменат, да може да се виткаат.
3. На загреано масло ги запржуваме кромидот и морковот. Го додаваме и меленото месо, убаво пржиме, со вилушка го растресуваме месото, да нема топки.
4. Во меѓувреме во загреана вода го ставаме оризот да се вари, до половина, нека биде ал денте. Го процедуваме и го додаваме кај меленото месо. Додаваме свеж магдонос и црвен пипер.
Убаво соединуваме.
5. Сега, ако е подолг црниот домат доволно е едно парче за ролање. Кај мене беше пократок и подебел и користев по 2 парчиња. Значи ставаме лист запржен црн домат, полна лажица од филот со мелено месо и парче сирење. Може да се користи и моцарела наместо бело сирење. Виткаме како ролатче.
6. Дното на ватростален сад го постиламе со кришки црвен домат излупен. Врз него ги редиме ролованите црни домати. На секое ролатче ставаме кришка црвен домат и расфрламе свеж босилек.
Ставаме многу малку вода, покриваме со капак и печиме во загреана рерна околу 30 минути.
Сервираме и уживаме во убавиот, летен ручек.