Испечати

Компот од Вишни

Компот од Вишни

Состојки

  • околу 350 гр (за 1 тегла) Вишни
  • 4 г.л. (за 1 тегла) Шеќер
  • по потреба Вода

Подготовка

Овој период кога ги има во изобилие вишните е идеален за да ги конзервираме овие здрави и вкусни плодови и нивниот вкус да го зачуваме и во текот на зимскиот период.

Подготовка

1. Вишните добро ги миеме (по желба ги чистиме од семките, јас лично дел од нив ги чистам по желба на децата, а дел не). Потоа ги полниме теглите со вишни, во висина од 2/3 од теглата. Додаваме шеќер по вкус, јас ставам по 4 г.л. во секоја тегла. Теглите ги полниме со вода околу 1-2 см под капачката и ги затвораме убаво.
2. Секоја тегла посебно ја виткаме во парче весник и ги редиме во шерпа во која имаме ставено крпа. Во шерпата ставаме вода во висина до капачката. Го уклучуваме шпоретот да се загрее на умерена температура, нека зоврие водата, вариме уште 10-15 минути на тивок оган и го исклучуваме шпоретот.
3. Теглите ги оставаме во шерпата до потполно изладување. Потоа ги вадиме од шерпата, ја тргаме хартијата и ја редиме кај останатата зимница.

Забелешка - Вишните од компотот може да се искористат како додаток на сладоледи, сутлијаш, разни колачи ,торти и слично. Истотака, по желба може да ги изблендирате вишните од компотот, и на тој начин да добиете превкусен сок од вишни.

На здравје!