Печена зелка со свинско месо
Состојки
- 1.5 кг зелка (1 голема или две помали главици)
- 700 гр свински шницли
- 2 моркова
- 1 главица кромид
- 2-3 лажици свинска маст
- 300 мл вода
- сув зачин, бибер, лута буковска пипер
Подготовка
Малку пинаков начин на подготовка на летна зелка.
1. Свинските шницли зачинете ги со сув зачин, бибер и буковска, додајте им малку масло, измешајте ги и оставете ги во фрижидер час-два.
2. Јас имав две мали зелчиња. Исчистете ги од надворешните лисја и исечете ги од горниот дел, од кочанката на половина па на четвртини и крајно на осмини. Парчињата да имаат и дел од кочанката, цврсто да стојат.
3. Тавата премачкајте ја со свинска маст. наредете ги парчињата зелка, па измеѓу нив ставете го месото, морковот исечен на ленти, исто така и кромидот, зачинете со сув зачин, бибер, лута буковска, турете ја водата и расфрлајте преку цела тава од свинската маст.
4. Преку зелката најпрво ставете хартија за печење, а преку неа и фолија. Печете на 200 степени два часа. Извадете ја фолијата и хартијата и продолжете со печење уште петнаесетина минути.
Наздравете со чаша винце!