Испечати

Чоколадни колачиња

Чоколадни колачиња

Состојки

  • 200 гр путер
  • 150 гр шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 50 гр какао
  • 210 гр брашно
  • 1 лажица арома од ванила
  • Фил
  • 100 мл слатка павлака
  • 100 гр темно чоколадо
  • 50 гр млечно чоколадо (за украсување)

Подготовка

Се топат в уста.
Подготовка
1. Путерот треба да е на собна температура. Измиксајте го заедно со шеќерот, додајте ги јајцата, потоа и какаото и брашното. На крајот и аромата од ванила. Ќе добиете густа, леплива смеса.
2. Плехот обложете го со хартија. Истискувајте со помош на шприц или најлонче со отсечен врв форми во вид на пишкоти ама помали. Во текот на печењето малку ќе пораснат и че се рашират.
3. Печете на 180 степени од 8 до 10 минути.
4. За филот загрејте ја павлаката и прелијте го чоколадото. Мешајте додека се стопи. Кога ќе се излади измиксајте го и филувајте ги колачињата како сендвичи.
5. Одозгора украсете ги со стопено млечно чоколадо.