Леб без месење со сирење и суви домати
Состојки
- 3 чаши брашно
- 1 лажичка сув квасец
- 1 и 1/2 чаша топла вода
- 1 лажичка сол
- 150 гр сирење
- 20тина маслинки
- суви домати по желба
Подготовка
Со едно парче леб комплетен оброк, во него и сиренце и маслинка и домати, убавина...
Подготовка
1. Растворете го квасецот во топлата вода, додајте ја солта и брашното и промешајте убаво со дрвена лажица.
2. Сирењето, сувите домати и маслинките исечкајте ги и додајте ги во тестото па пак промешајте. Покријте го садот со најлон и оставете го на собна температура од 12-16 часа.
3. За печење потребен ви е сад со капак. Рерната приклучете ја на 200 степени и ставете го садот внатре, да се загрева.
4. На набрашнета површина истурете го тестото и со набрашнети раце преклопете го формирајќи топчеста форма. Извадете го загреаниот сад од рерната, наросете пченкарно брашно на дното и ставете го во него тестото. Поклопете го и ставете го да се пече поклопено отприлика половина час. Извадете го капакот и печете уште петнаесетина минути додека убаво се зацрвени.