Овошна рапсодија со јаготки
Состојки
- За кора
- 5 белки
- прстофат сол
- 100 гр. шеќер
- 1 ванила
- 1 жолчка
- 3 лажици масло
- 50 гр. брашно
- 60 гр. потпечени ситно сецкани лешници или бадеми (поминати во нутри булет)
- 1/2 пециво
- Се прават 3 вакви кори, а наведените состојки се за 1 кора.
- Фил
- 1л. млеко
- 200 гр. шеќер
- 4 ванили
- 12 жолчки
- 2 пудинзи од по 40 гр. од ванила
- 2 лажици полни со куп нишесте
- 200 гр. бело чоколадо
- 250 гр. маргарин
- Потребно е уште
- 600 гр. сецкани јаготки, плус за украсување
- 500 мл. слатка павлака
- 1 шлаг крема од ванила
- За ганаш
- 200 гр. квалитетно црно чоколадо за готвење
- 200 мл. слатка павлака
Подготовка
Превкусна овошна, лесна, вкусна, кремаста торта, од која секое залче буквално се топи во уста.Топло ви ја препорачувам.
1.Кората се прави стандардно, се матат белките со солцата и шеќерите во цврст снег, па се додава жолчката, маслото и другите наведени состојки. Се излева во калап со пречник 30 цм., се печи во загреана рерна околу 15 мин. на 180 степени или печите према вашата рерна.Корите се ептен меки, нежни. Се прават 3 вакви кори.
2.За филот се вари кремот како пудинг (во дел од млекото се растораат пудинзите, нишестето и се соединува со изматените жолчките, а остатокот од млекото се зоврива со шеќерите и потоа се додаваат разматените пудинзи и жолчки), во жешко се додава чоколадото и се мисксира да се стопи,се покрива со прозирна фолија дирекно на површината на пудингот и се остава да се излади. Во млако кон ладно со миксирање се додава изматениот маргарин.За филот е важно да се вари на умерен оган, со постојано мешање, што подолго време на оган, така се губи скробниот вкус.
3.Слатката павлака се мати со шлаг кремот во цврст шлаг. Јаготките се сецкаат.
4.За ганажот се соединува загреаната слатка павлака до точка на вриење со сецкано чоколадо со бавни движења, додека стане еднолична смесата. Малку да излади, па се полева.
5.Финална постапка -кора-фил-јагодки-слатка павлака-кора-фил-јагодки-слатка павлака-кора- малку фил и ганаш Ја филовав во ацетатна фолија, со која доста се олеснува работата. Тортата се остава преку ноќ во фрижидер, убаво да се излади, па се вади ацетатната фолија и се доукрасува по желба.
Уживајте во секое залче!