Пекарски кифли
Состојки
- За тесто
- 0,5 литар топла вода
- 2,5 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 120 мл масло
- 1 коцка свеж квасец
- околу 1 кг брашно
- За премачкување
- 1 лажица брашно
- 1 лажица масло
- 3 лажици вода
Подготовка
Подготовка
1. Во топлата вода се додава шеќерот, 2 лажици брашно и квасецот издробен. Се остава да запени.
2. Се додава маслото и 1/3на од брашното, се меша, па се додава солта и со постепено додавање на брашно се замесува мазно тесто. Тестото се покрива и се остава на топло да се дуплира.
3. Се земаат парчиња, се засукуваат со сукалка долгунесто и се виткаат во форма на кифла.
4. Кифлите се редат во плех, се покриваат и се оставаат да нарастат, па се мачкаат со мешавината за премачкување и се печат во загреана рерна на 200С.