Кифли
Состојки
- 1,5 кг. просеано бело брашно
- 1 пресен квасец (претходно активиран)
- 1,5 лажица сол
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици вински оцет
- 150 мл. масло
- 100 гр. омекнат путер или маргарин
- по потреба топло млеко
- За премачкување
- 2 јајца
- по потреба сусам
Подготовка
Превкусни, меки како душа кифлички, во тестото немаат јајца, само за премачкување.Топла препорака.
ПодготовкаЧ
1.Од сите наведени состојки за тесто се замесува средно меко тесто, кое не е лепливо на раце.Омекнатиот путер или маргарин се додава со сите состојки и се замесува.Тестото убаво се меси и се остава на топло да дуплира волумен.
2. Откако ќе надојди се премесува уште еднаш и се остава уште еднаш да надојди.
3. После второто надојдување, тестото се дели на 4 дела. Секој дел го отвораме во тркалезна кора и сечиме триаголници, големина каква сакаме. Виткаме кифли.
4.Готовите кифли ги премачкуваме со разматено јајце, наросуваме со сусам и ги оставаме да надојдат некои 30 мин..
5.Ги печеме во загрена рерна на 200 околу 20 мин., или додека убаво поруменат.
На здравје!