Испечати

Мучкалица

Мучкалица

Состојки

  • 800 гр свински бут
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 домати
  • 2 свежи црвени пиперки
  • 2 печени и излупени црвени пиперки
  • Зејтин, сол, црн бибер, мешан зачин по вкус

Подготовка

Огромна чест ми е што станав дел од ова прекрасно, големо семејство на готвачи. За почеток ќе го споделам мојот омилен рецепт кој го приготвувам за ручек особено за време на летниот период кога црвените пиперки и домати ги имаме во изобилие.

Подготовка:

1. Најпрво месото го сечеме на покрупни коцки, посолуваме и го запржуваме со малку масло кратко околу 10 минути. Месото го вадиме од тавчето и пропржуваме кратко сецкан кромид и лукче. Потоа додаваме свежа црвена пиперка исечена на коцки. Кога пиперката ќе омекне додаваме зачини по вкус, сол, црн бибер, мешан сув зачин. На крај додаваме сецкан домат и печена црвена пиперка. Пропржуваме уште 5 мин па го додаваме и месото. Сите состојки ги префрлуваме во тава за печење.

2. Печеме 1 час во покриена тава и потоа уште 30 мин без капак на температура од 180 степени. Ручекот го сервираме со свежа сезонска салата и домашно лепче.