Испечати

Запечени њоки со зеленчук и бешамел

Запечени њоки со зеленчук и бешамел

Состојки

  • 1кг. њоки
  • 1 модар патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 2 моркови
  • 125гр. моцарела
  • по потреба сол, бибер, грана сирење, лебни трошки, маслиново масло
  • Бешамел
  • 700мл. млеко
  • 50гр. путер
  • 50гр. брашно
  • по вкус сол и црн бибер

Подготовка

Подготовка

1. Зеленчукот исечете го на коцки и наредете го во плех обложен со хартија за печење. Посолете, наросете бибер и попрскајте со маслиново масло.

2. Ставете го да се пече на 200 степени, кратко додека малку подомекне. Откако ќе се испече оставете го да се олади.

3. Бешамел. Во касерола ставете го путерот да се растопи. Додајте го брашното и пропржете. Налејте го млекото и мешајте додека се згусти. Посолете и наросете повеќе бибер.

4. Во солена зовриена вода ставете ги њоките да се варат. Откако ќе излезат на површина на водата извадете ги во подлабок сад. Во садот додајте 2/3 од бешамелот, зеленчукот и моцарелата исечена на коцки. Измешајте и префрлете ги во сад за печење. Одозгора нанесете го преостанатиот бешамел, малку лебни трошки и рендано грана сирење.

5. Ставете да се пече на 200 степени, 25 минути, додека фати коричка.