Испечати

Топла рафаело овесна каша

Топла рафаело овесна каша

Состојки

  • 130 гр овесни снегулки
  • 30 гр кокосови трошки
  • 450 мл домашно кокосово млеко
  • 3 лажици мед
  • 2 лажици сецкани лешници

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабок сад на оган на средна температура го ставаме млекото. Ги додаваме овесните снегулки и кокосовите трошки. Ја вариме овесната каша со често мешање, додека не омекнат овесните снегулки . 2. Кога ќе биде готова ја тргаме од оган и го додаваме медот. Промешуваме. Во смесата додаваме сецкани лешници, промешуваме. Сервираме во чинии. Додаваме парчиња банана и цели лешници.